„Лајка“ ги покани сите љубители на кучиња на Отворен ден

Продолжуваат Отворените денови за сите љубители и волонтери во прифатилиштето на „Лајка“.

Јавното претпријатие ги поканува сите заинтересирани да дојдат во сабота, 13-ти ноември од 11 до 14 часот на дружење, едукација и грижа со кучињата кои се згрижени во прифатилиштето.

Заинтересираните кои сакаат да волонтираат, треба да испратат мејл на електронската адреса volontiraj@lajka.com.mk.

 

Текстот „Лајка“ ги покани сите љубители на кучиња на Отворен ден е превземен од МАКФАКС.