Лапорта: Не можевме да го задржиме Меси, Гризман не се вклопи во нашата филозофија

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, на прес конференција, уште еднаш говорел на актуелните теми: заминувањето на Меси, трансферот на Гризман, европската Супер лига.

„Бевме под голем притисок. Моравме клубот да го ставиме под хипотека за да го испочитуваме финансискиот ферплеј. Ништо не можевме да направиме. Имавме договор, лигата не дозволи да биде реализиран. Ла Лига најпрвин имаше позитивен став, но на 5.август ни соопштија дека ќе мора да го ставиме клубот под хипотека. Никој не сакаше да се случи ова. Беше многу тажно. Го гледав неговото деби за ПСЖ, не се чувствував добро. Бев тажен што го гледав во дрес на друг клуб. Чудно чувство. Не ми беше пријатно“, рекол Лапорта.

Лапорта уште еднаш потврдил дека дури и Гризман да заминел порано, клубот ќе немал можност да го регистрира Меси. За францускиот репрезентативец, за кого претходното раководство на Барселона плати 127 милиони евра, Лапорта рекол дека воопшто не му бил потребен на клубот.

„И покрај тоа што продадовме играчи и што замина Гризман, немаше да можеме да го регистрираме Меси. Наредната година ќе можеме со повисоки цели да настапиме на трансфер пазарот. Од Гризман очекуваме повеќе. Но, кога е во прашање неговиот став, тој се однесуваше како вистински професионалец. Сепак, не успеа да се вклопи во нашиот систем. Мислам дека не и беше потребен на Барселона како засилување“.

Неизбежна тема за првиот човек на Барселона е европската Супер лига, проект кој пропадна за неполни 48 часа. Лапорта потврдил дека Барселона, Јувентус и Реал Мадрид не се откажале од проектот.

„Проектот е жив. Трите клуба нема да се откажат. Сите притисоци и закани беа без ефект. Бројни клубови не поддржуваат, таков проект и за ние е добар. Англичаните би го поддржале но трпат големи притисоци. Мислам дека можевме во јавноста подобро да ја раскажеме приказната, но јасно е дека сите би имале ќар. Ќе биде атрактивно натпреварување, од кое клубовите ќе имаат голем бенифит“, заклучил Лапорта.

Текстот Лапорта: Не можевме да го задржиме Меси, Гризман не се вклопи во нашата филозофија е превземен од МАКФАКС.