Лаутаро Мартинез позитивен на коронавирус

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, е позитивен на Ковид-19 и ќе ги пропушти претстојните мечеви на Аргентина. Тој се заразил со коронавирус уште пред да замине во кампот на репрезентацијата на Аргентина за квалификациските мечеви со Венецуела и со Еквадор.

Лаутаро е во изолација, а Аргентина остана и без фудбалерот на Ајакс, Лисандро Мартинез, поради повреда.

Лаутаро Мартинез оваа сезонава одигра 27 натпревари за Интер и постигна 14 гола.

Текстот Лаутаро Мартинез позитивен на коронавирус е превземен од МАКФАКС.