Лекар во Белгија издал околу две илјади лажни ковид-потврди

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни потврди за Ковид-19, соопштија денеска властите на таа земја.

Министерката за здравство на белгискиот регион Валонија, Кристи Мореал, изјави дека лекарот ќе биде кривично гонет поради издавање лажни потврди за Ковид-19, пренесуваат агенциите.

Опишувајќи го случајот како „здравствен скандал“, таа рече дека потврдите се одземени и дека лицата инволвирани во измамата ќе се соочат со правни последици.

Преку потврдите се докажувало дека лицето е целосно вакцинирано, негативно на тест за коронавирус во последните 48 часа или дека прележало коронавирус во последните шест месеци.

Овој сертификат е потребен од почетокот на ноември за влез во ресторани, кафулиња, барови, спортски сали и други места во Белгија.

Текстот Лекар во Белгија издал околу две илјади лажни ковид-потврди е превземен од МАКФАКС.