Леклер и Ферари најбрзи вториот ден во Барселона, Ред бул и Мерцедес со проблеми

Шарл Леклер го постави Ферари на првото место на вториот ден од тестирањето во Барселона во ден во кој Ред бул имаше проблеми со менувачот на Серхио Перез и загуби драгоцено време за анализа на податоците.

Изгледаше дека Мекларен ќе биде втор ден едноподруго најбрз во Барселона откако Даниел Рикардо имаше најдобро време пред Леклер да има круг од 1:19.689 за прво место пред Пјер Гасли во Алфа Таури и Рикардо на третото место.

Новиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, беше трет најбрз комплетирајќи 65 круга откако во текот на утринската сесија Луис Хамилтон имаше само 40 круга и беше последен според поставеното време.

Сепак, Мерцедес и неговите 105 круга беа подобри од главниот ривал Ред бул, кој комплетира само 78 круга откако Перез загуби два часа поради проблем со менувачот во утринската сесија.

Ferrari in front as Leclerc goes fastest on day 2 in Barcelona#F1 https://t.co/uETNC6d3x3

— Formula 1 (@F1) February 24, 2022

Текстот Леклер и Ферари најбрзи вториот ден во Барселона, Ред бул и Мерцедес со проблеми е превземен од МАКФАКС.