Левандовски во ЛШ постигна повеќе голови од Барса и Челси заедно

Учествуваше со хет-трик во победата на Баерн Минхен против Бенфика (5-2) во четвртото коло од ЛШ и Роберт Левандовски постави голгетерски рекорд.

Дојде до 81 погодок на својот 100-ти настап во елитната конкуренција.

За споредба, на првите 100 меча во ЛШ своевремено Меси имаше постигнато 77, а Кристијано Роналдо 64 гола.

Далеку зад учинокот на Полјакот се Бензема (53 гола), Раул (51), Шевченко (48), Анри (46), Милер (42), Ибрахимовиќ (39)…

На четирите меча од групната фаза во ЛШ сезонава тој постигна 8 гола. На тој начин е самиот поефикасен од дури 12 од сите 16 европски екипи.

Сезонава, во ЛШ има повеќе постигнати голови од Челси и Барселона заедно. „Сините“ досега шестпати ја тресеа мрежата, а Каталонците само двапати.

Текстот Левандовски во ЛШ постигна повеќе голови од Барса и Челси заедно е превземен од МАКФАКС.