Линделоф ќе паузира по грабежот во неговиот дом

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Виктор Линделоф се вратил во Шведска со неговата сопруга и децата откако тие имаа ужасно искуство со грабеж во нивниот дом во Англија во инцидент кој се случил додека Линделоф играше за клубот против Брентфорд.

Сопругата на Линделоф, Маја откри дека таа и нивните деца морале да се заклучат во една безбедна соба да избегнат напад, иако за среќа не биле повредени. Линделоф доби дозвола да го напушти тимот, што значи дека нема да игра против Вест хем во сабота.

„Во текот на мечот на Виктор во средата, провалници влегоа во нашиот дом во Манчестер. Бев сама дома со децата, но успеавме да се сокриеме и да се заклучиме во една соба пред да влезат во куќата. Океј сме, но ова беше страшен и траматски момент за мене и за децата. Сега сме во Шведска“, објави Маја Линделоф.

Ралф Рангник, менаџерот на Јунајтед, потврди дека тој нема да игра и објави дека во моментов сите во клубот му даваат поддршка на Швеѓанецот.

„Зборував со него на патот од Лондон и ова утро. Тој ми кажа што точно се случило и како тоа влијаело на сопругата и на тригодишниот син. Сфаќам дека сега сака да биде дома со сопругата и семејството, бидејќи и јас сум татко на две деца. Се согласивме да му дадеме пауза“, вели Рангник.

Текстот Линделоф ќе паузира по грабежот во неговиот дом е превземен од МАКФАКС.