Ливерпул остана во борбата за титула со победа кај Вила на Џерард

Садио Мане беше „џокерот“ за Ливерпул да стигне до 2:1 победа над Астон вила предводена од поранешниот капитен на „црвените“, Стивен Џерард, за да останат во трката за титулата израмнувајќи се со бројот на поени со лидерите Манчестер сити (кои имаат натпревар помалку).

Мечот на „Вила парк“ почна фуриозно – Даглас Луиз уште во третата минута ги донесе домаќините во водство, за само три минути подоцна, Жоел Матип да израмни по мешаница пред голот на Вила. Во 65. минута од мечот, клучен човек се покажа Садио Мане, кој со својот 15-ти премиерлигашки гол оваа сезона ги донесе трите поени за тимот на Јирген Клоп.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Ливерпул остана во борбата за титула со победа кај Вила на Џерард е превземен од МАКФАКС.