ЛШ: Ливерпул се „лек“ за Атлетико, Лајпциг со драматично реми со ПСЖ, Интер не признава „шерифи“

Ливерпул повторно го совлада Атлетико Мадрид, овојпат на домашен терен со 2:0 во уште еден бурен меч на двата клуба за да обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите со максимални четири победи во четири меча.

Нивните ривали од Премиерлигата, Манчестер сити се вратија за 4:1 победа над Бриж, за да ја продолжат трката со ПСЖ за прво место во групата А, откако Парижани во 92. минута од пенал примија гол за 2:2 реми на гости кај РБ Лајпциг.

Интер, пак, не дозволи шок од Шериф Тираспол, победувајќи со 3:1 на гости, Ајакс се врати со головите на Тадиќ и Але за 3:1 победа кај Борусија Дортмунд, во групата во која Спортинг Лисабон остана во „живот“ со 4:0 победа над Бешикташ.

Ливерпул имаа одличен старт на мечот, доаѓајќи во водство преку Диого Жота во 13. минута по асистенција на Трент Александер-Арнолд, за осум минути подоцна ТАА повторно да му асистира на Садио Мане за 2:0. Мечот го смени токот, откако Фелипе во 36. минута доби црвен картон за тактички фаул, а во второто полувреме имаше два поништени гола – еден на Жота, и еден на Луис Суарез, двапати поради офсајд.

Манчестер сити со головите на Фил Фоден, Ријад Марез и Рахим Стерлинг стигнаа до очекувана 3:1 победа над Бриж, додека Пари Сен-Жермен се созедоа од шокантниот старт, во кој примија гол во 8. минута и беше досуден пенал против нив три минути подоцна (кој Џиџио Донарума го одбрани), за Вајналдум со два гола да донесе предност. Сепак, во 92. минута нов пенал за „биковите“, кој Доминик Собослаи овојпат лесно го упати во голот.

DOMINIK #SZOBOSZLAI TROMPE DONNARUMMA DANS LES DERNIÈRES MINUTES !

Le RB Leipzig maintient un espoir de qualification tandis que le PSG s’en éloigne légèrement

LEIPZIG 2️⃣-2️⃣ PSG #RBLPSG #RBLeipzig #leipzigpsg #TeamPSG #Paris #PSG #UCL #ChampionsLeague pic.twitter.com/aUXuMZPVau

— Dynamit’Sports (@DynamitSports) November 3, 2021

Марцело Брозовиќ, Милан Шкринијар и Алексис Санчез постигнаа голови во второто полувреме, за Интер да ги совлада Шериф во Молдавија со 1:3.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО

ГРУПА А

Манчестер сити – Клуб Бриж 4:1

РБ Лајпциг – Пари Сен-Жермен 2:2

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1462-36886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Ливерпул – Атлетико Мадрид 2:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1463-36886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц

Борусија Дортмунд – Ајакс 1:3

Спортинг Лисабон – Бешикташ 4:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1464-36886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Д

Шериф – Интер 1:3

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1465-36886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ЛИВЕРПУЛ – АТЛЕТИКО М

МАНЧЕСТЕР СИТИ – БРИЖ

РБ ЛАЈПЦИГ – ПСЖ

ШЕРИФ – ИНТЕР

БОРУСИЈА Д – АЈАКС


Текстот ЛШ: Ливерпул се „лек“ за Атлетико, Лајпциг со драматично реми со ПСЖ, Интер не признава „шерифи“ е превземен од МАКФАКС.