Лук де Јонг веќе не е на трансфер-листата на Барса, но Депај ќе биде продаден

Поранешниот напаѓач на Њукасл и Борусија Менхенгладбах, Лук де Јонг, е тргнат од трансфер-листата на Барселона откако го убеди Чави Ернандез дека заслужува да биде задржан во тимот и покрај големите критики што ги добиваше Холанѓанецот.

Високиот Холанѓанец беше донесен од претходниот тренер Роналд Куман на заем од една сезона од Севилја и дојде во клубот во моменти кога се бараше замена за Лео Меси, така покажувајќи ја сегашната финансиска ситуација на клубот.

Сепак, откога постигна три гола во последните три меча, и покрај пристигнувањето на Феран Торес од Манчестер сити, Чави смета дека тој може да биде важен играч за каталонскиот клуб, тврди „Мундо депортиво“.

Од друга страна, Барселона е подготвена да го пушти да си оди неговиот сонародник Мемфис Депај, кој дојде како слободен играч од Лион бидејќи не се вклопува во системот на Чави. Јувентус е меѓу заинтересираните клубови.

Текстот Лук де Јонг веќе не е на трансфер-листата на Барса, но Депај ќе биде продаден е превземен од МАКФАКС.