Лукаку: Благодарен сум на Интер, ме извлекоа од дупката Манчестер Јунајтед

Белгискиот фудбалски ас, Ромелу Лукаку по 7 години се врати на „Стемфорд Бриџ“ во дресот на Челси и веднаш ја искористи можноста да удри по поранешниот клуб – Манчестер Јунајтед. Дресот на „црвените ѓаволи“ го носеше од 2017 до 2019 година и на 66 меча даде 28 гола.

„По еден од тренинзите отидов кај менаџерот Инзаги и го замолив да пронајде решение за ситуацијата која настана по понудата од Челси. Не сакав да ја нарушам атмосферата во клубот. Вистина е дека уште од тогаш во главата веќе не бев играч на Интер. Но Интер ме извлече од дупната наречена Манчестер Јунајтед и за тоа секогаш ќе им бидам благодарен. Единствениот клуб поради кој би си отишол од Интер е токму Челси. Децата од најмали нозе навиваат за Реал, Барса, Јунајтед, за мене секогаш постоеше само Челси. Сите знаат колку ми значи овој клуб. Кога почнаа да се распрашуаат за мене, не можев да им кажам не. Почнаа со 100 милиони, па 105 и на крајот 110 милиони евра. Тогаш знаев дека морам да одам“ рече Лукаку.

Текстот Лукаку: Благодарен сум на Интер, ме извлекоа од дупката Манчестер Јунајтед е превземен од МАКФАКС.