Мадрид во знакот на Новак Ѓоковиќ

Постери со ликот на Новак Ѓоковиќ се залепени насекаде низ шпанската престолнина, Мадрид. На овој начин, организаторите на Мастерсот што се одржува во овој град, решиле да го промовираат турнирот.

Мастерсот во Мадрид на програмата е од 1.мај, тој е еден од турнирите кои му претходат на Ролан Гарос. Минатата сезона титулата ја освои Александар Зверев, кој во финалето го победи Матео Беретини.

Засега, поради целата ситуација со вакцинацијата, не е познато дали Ѓоковиќ ќе игра на овој Мастерс, на кој има три титули.



Текстот Мадрид во знакот на Новак Ѓоковиќ е превземен од МАКФАКС.