Мајка на загинат маринец му напиша на Бајден: Крвта на сите 13 херои е на вашите раце

/

Мајката на еден млад маринец, кој беше убиен во самоубиствен напад од членови на групата ИСИС-К во Авганистан, го покани Доналд Трамп на неговиот погреб на 18 септември и го обвини претседателот Џозеф Бајден за смртта на американските војници, пренесуваат медиумите во светот.

“Би било чест да се сретнам со вистинскиот американски претседател, Трамп. Те сакам и Америка те сака”, напиша Шана Чапел, мајката на 20-годишниот Керем Никуи на својот Фејсбук.

Трамп потврди дека ја добил нејзината покана и и одговорил на неговата официјална веб -страница.

„Благодарам Шана, нашата земја ве сака, а особено го сака вашиот прекрасен син Керем. Да бев претседател, вашиот син се уште ќе беше со вас, како и синовите и ќерките на другите кои загинаа во нападот во Кабул. Цивилите требаше да бидат првите кои требаше да бидат евакуирани, заедно со опремата од 85 милијарди долари, и армијата требаше безбедно да замине, откако се беше расчистено. Те сакам и го сакам Керем”, напиша Трамп.

“Крвта на сите 13 херои е на ваши раце! Ова не е нешто што Бајден и неговата администрација можат да го избришат! Ова нема да биде заборавено”, напиша мајката на младиот маринец.

Минатата недела, нејзиниот Фејсбук профил беше привремено блокиран бидејќи таа јавно го обвини Џозеф Бајден за смртта на нејзиниот син, известуваат американските медиуми.

Портпаролот на социјалната мрежа Фејсбук изјави дека профилот е избришан по грешка.

Текстот Мајка на загинат маринец му напиша на Бајден: Крвта на сите 13 херои е на вашите раце е превземен од МАКФАКС.