Мајка од Демир Капија пет месеци трага по син ѝ: Се уништив

/

Снежана Лазаревиќ од Демир Капија пет месеци очајно трага по својот син Љубиша, кој е исчезнат. Таа бара помош од надлежните органи, граѓаните, односно секој кој има било каква информација за нејзниот син.

“Јави ми се кај и да си дете, се уништив веќе. Јави ми се да знам дека си жив и здрав”, пишува мајката која се сомнева дека можеби нејзниот син е надвор од Македонија и има изгубено помнење поради доживеана несреќа.