Македонија денес го игра последниот натпревар на ЕУРО2020, последен меч и за Горан Пандев во националниот дрес

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес во 18 часот во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија.

Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство.

Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж и да се одигра за капитенот Горан Пандев кој за последен пат ќе го носи националниот дрес. Горан Пандев дебитираше во 2001 година а досега за Македонија настапи на 122 натпревари и постигна 38 погодоци.

Без разлика на крајниот резултат , Македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал.