Македонија вечерва игра против Романија и традицијата

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра натпреварот од шестото коло, во Ј-групата, за пласман на Светското првенство во Катар. Македонија, во Скопје, ќе ја пречека Романија.

Македонските фудбалери, по двата нерешени резултати, против Ерменија и Исланд, паднаа на четвртото место на табелата со осум поени. Еден повеќе има Романија на третото место. Лидер во групата е Германија со 12 поени, Ерменија има 10.

Мечот со Романија е последната шанса Македонија да фати приклучок и да се врати во трката за второто место, бидејќи тешко е дека некој ќе може да им ја одземе првата позиција на Германците.

Покрај со романските фудбалери на теренот, Македонија ќе мора да со броти и против традицијата.

Вечерва Македонија шести пат во еден квалификациски циклус ќе игра против Романија. Претходните пет им припаднале на Романците.

Фото/ffm.mk

Текстот Македонија вечерва игра против Романија и традицијата е превземен од МАКФАКС.