Македонските навивачи во Букурешт испиле 75 илјади литри пиво и потрошиле околу 450 илјади евра

Македонските навивачи за време на престојот во Букурешт, Романија успеале да испијат околу 75 000 литри пиво, за околу четири дена, а романските медиуми ја истакнале страста на македонците кон пивото, кое таму може да се пие во изобилство.

Околу 3.500 и 4.000 Македонци престојуваа во Букурешт, а за околу 96 часа, Македонците успеале да испијат околу три резервоари пиво во само пет локали во стариот дел на градот, бидејќи капацитетот на еден резервоар е околу 25.000 литри.

Според локалните медиуми од Романија, македонците на некои маси во кафулињата трошеле помеѓу 4000 до 5000 евра, а локалите само од македонците успеале да заработат околу 450.000 евра.

Извор: Зоом. мк