Мали со првото место во групата Ф, познати осминафиналните двојки на Африканскиот куп на нации

Мали стигна до 2:0 победа над Мавританија за да го обезбеди првото место во групата Ф на Африканскиот куп на нации, додека второто место отиде кај Гамбија по 1:0 победата над Тунис, кои ги комплетираат 16-те репрезентации кои ќе играат во осминафиналето.

Дефанзивецот на Ленс, Масадио Хајдара ги донесе Мали во водство уште во 2. минута од мечот, пред Ибрахима Коне во 49. минута од пенал да зголеми на 2:0.

Меѓу поинтересните дуели во осминафиналето секако е пресметката помеѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска, но и дуелот помеѓу Нигерија и Тунис.

АФЦОН 2022, ГРУПА Ф

Мали – Мавританија 2:0

Гамбија – Тунис 1:0

АФЦОН 2022, 1/8 ФИНАЛЕ

Буркина Фасо – Габон

Нигерија – Тунис

Гвинеја – Гамбија

Камерун – Комори

Сенегал – Кабо Верде

Мароко – Малави

Брег на Слонова Коска – Египет

Мали – Екваторијална Гвинеја

Текстот Мали со првото место во групата Ф, познати осминафиналните двојки на Африканскиот куп на нации е превземен од МАКФАКС.