„Малиот“ Ферстапен победуваше, таткото Ферстапен заврши во болница

Асот на Ред бул, Макс Ферстапен стигна до фантастична домашна победа пред полудената публика во Цандфорт во неделата, но возбудата не му била добредојдена на неговиот татко, поранешниот Ф1 возач Јос Ферстапен, кој морал да биде однесен во болница со хеликоптер кратко откако ја гледал трката.

Според весикот „Де телеграф“, 49-годишниот Јос Ферстапен бил однесен во болницата во Рермонд, јужна Холандија поради болки во стомакот, но му поминало со обични антибиотици.

„Јос имаше проблеми со стомакот неколку дена. Ја гледаше трката до половина, но потоа не можеше да стане. Но, потоа веднаш беше пуштен дома и состојбата му е подобрена. Немаше многу еуфорија, бидејќи семејството Ферстапен има една цел – да се стане светски шампион. Без титула на крајот на годината, цела слава и портокаловата забава ќе биде лесно заборавена“, вели агетот на Макс и Јос, Рајмонд Фермејлен.

Текстот „Малиот“ Ферстапен победуваше, таткото Ферстапен заврши во болница е превземен од МАКФАКС.