Манчини: Сакаме да одиме во Катар и да го освоиме Светското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, со голема самодоверба влегува во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Актуелните европски шампиони, во полу-финалето, ќе играта на 24.март против Македонија. Победникот од овој дуел за пласман на СП ќе игра против подобриот од натпреварот Португалија-Турција.

„Сериозно ќе влеземе во првиот натпревар. Нема да ни биде лесно. Пред нас се два тешки натпревари. Не требаше да бидеме тука, сега треба да се помачиме за да стигнеме до Катар“, рекол Манчини.

„Имам добра основа, размислуваме позитивно, мораме да мислиме дека се ќе мине онака како што посакуваме. Мораме да играме на начин како што тоа го правевме и досега. Не станавме случајно европски шампиони. Не сакавме да ги играме овие натпревари, важно е дека момците се чувствуваат добро“.

Манчини истакнал дека со голема самодоверба неговите играчи ќе влезат во баражот.

„Оптимист сум, бидејќи имам фудбалери кои победија на ЕУРО кога никој не веруваше во тоа. Мораме да размислуваме за она што го остваривме и да играме со голема самодоверба. Наша цел е да го освоиме Светското првенство, за да го направиме тоа мораме да победиме во наредните два натпревари“.

Текстот Манчини: Сакаме да одиме во Катар и да го освоиме Светското првенство е превземен од МАКФАКС.