Манџукиќ стана дел од стручниот тим на хрватскиот селектор Далиќ

Поранешниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ по крајот на својата фудбалска кариера по неуспешната авантура во Милан, најде нова работа, овој пат како дел од стручниот тим на хрватскиот селектор Златко Далиќ.

„Добре дојде меѓу ‘огнените’, веруваме дека во тренерската улога ќе бидеш успешен како во играчката“, објавија од Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС).

35-годишниот Манџукиќ во својата кариера играше за Динамо Загреб, Атлетико Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен, а со Хрватска стигна до среброто на Светското првенство во Русија во 2018 година. Сега, во улога на помошник на Далиќ ќе патува со своите досегашни соиграчи на Мундијалот во Катар во 2022.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hrvatski nogometni savez (@hns_cff)

Текстот Манџукиќ стана дел од стручниот тим на хрватскиот селектор Далиќ е превземен од МАКФАКС.