Мареј по пет години се раздели со тренерот Делгадо

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј потврди дека ја прекинува соработката со својот тренер Џејми Делгадо по пет години, по што германскиот тренер Јан де Вит ќе биде привремен тренер на Шкотланѓанецот пред Австралија опен во јануари.

Мареј почна да работи со Делгадо во 2016 година, но сега ќе патува во Абу Даби со Де Вит, каде што на егзибициски меќ ќе игра со Австриецот Доминик Тим. Трикратниот гренд слем шампион Мареј неодамна работеше и со поранешниот тренер на Џоана Конта, Естебан Карил.

Де Вит во минатото работеше со Гаел Монфис и со најдобриот грузиски тенисер Николоз Басилашвили, додека Делгадо сега ќе почне да работи со канадскиот талент, светскиот рекет број 14, Денис Шаповалов.

Пред Делгадо, на Мареј тренер му беше Иван Лендл, со кого тој ја освои втората титула од Вимблдон и стигна на првото место на АТП листата

Текстот Мареј по пет години се раздели со тренерот Делгадо е превземен од МАКФАКС.