Маркиф Морис: Јас не удирам од зад грб, поинакви сме!

Кошаркарот на Мајами Хит – Маркиф Морис се огласи по ноќешниот инцидент со Никола Јокиќ на мечот против Денвер Нагетс.

Случката која е главна кошаркарска тема во САД, а посебно во Србија се случи откако Морис со тежок фаул во коленото го испровоцира српскиот центар, па овој се залета и го „испрати на паркетот“.

Откако на социјалните мрежи почнаа да зовриваат страстите, на Твитер свој коментар на ситуацијата напиша и самиот Маркиф Морис:

„Сакам да гледам омраза. Без сомнеж, направив тежок фаул, што често го правам, но никогаш не сум удрил човек додека тој е завртен со грбот. За среќа, поинаку сме воспитани. Можам да поминам преку тоа и да продолжам понатаму“ напиша Маркиф.

I love to see the hate! No doubt I took a hard foul which I always do but I’ve never hit a man with his back turned! Luckily we built different over here. I can take my licks and keep pushing. Joker 1 smooth 0 lol.

— Keef Morris (@Keefmorris) November 9, 2021

Претходно, на српскиот ас му се закани братот на Маркиф – Маркус Морис, кој настапува за тимот на ЛА Клиперс:

Братот на Морис му се закани на Јокиќ: Ќе ти вратам

Текстот Маркиф Морис: Јас не удирам од зад грб, поинакви сме! е превземен од МАКФАКС.