Мекгрегор не се откажува од кариерата

Конор Мекгрегор, поранешниот ММА-шампион во две категории, нема намера да се пензионира. Ирецот сака да добие уште една можност да се бори за титулата во лесна категорија.

Изминатата година е најлоша во кариерата на Мекгрегор. Двапати се бореше против Дастин Поарије и давапати беше поразен од борецот од Луизијана. Ирецот во јануари во Абу Даби  доживеа нокаут во втората рунда, а во јуни докторот ја прекина борбата откако Мекгрегор доживеа фрактура на ногата.

Поарије, по овие две победи, на 11 декември ќе се бори за титулата во лесна категорија. Противник ќе му биде Чарлс Оливера.

„Ќе се борам со шампионот во лесна категорија. Разберете го тоа. Мојата трилогија со Поарије не е завршена. Морате да го разберете тоа“, рекол Мекгрегор.

Текстот Мекгрегор не се откажува од кариерата е превземен од МАКФАКС.