МЕПСО: Нормализирано е снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјата

Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети и нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места, соопштија попладнево од компанијата.

Од таму објаснуваат дека причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи.

„Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи“, велат од МЕПСО.

Текстот МЕПСО: Нормализирано е снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјата е превземен од МАКФАКС.