Мерцедес и Ред бул се договорија – Хоџкинсон се приклучува на „бикот“

Мерцедес потврдија дека нивниот поранешен прв човек на инжинерингот, Бен Хоџкинсон ќе може да прејде во Ред бул од 24 мај, кога ќе стане технички директор на одделот за мотори на австриската компанија.

Ред бул успеаја да го убедат Хоџкинсон да прејде во нивниот тим, откако Ред бул го презеде одделот за мотори од Хонда, за да станат производители на мотори од 2022.

„Мерцедес Ф1 и Ред бул Ф1 стигнаа до договор околу поставувањето на Бен Хоџкинсон, и според договорот, Бен, кој работеше со Мерцедес од август 2001, ќе може да биде дел од Ред бул од 24 мај 2022“, се вели во објавата на Мерцедес.

Ред бул од преземањето на програмата на Хонда вработија над 500 луѓе, од кои голем број дојдоа од програмата за развој на мотори на Мерцедес. Хоџкинсон неодамна доби медал на Британската Империја од кралицата Елизабета Втора, откако дизајнираше уред за инхалација веднаш по стартот на пандемијата на КОВИД-19.

Mercedes F1 and Red Bull F1 today reached an agreement regarding the appointment of Ben Hodgkinson.

Under the terms of that agreement, Ben, who joined Mercedes in August 2001, will be free to join Red Bull Powertrains from 24 May 2022.

— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) January 21, 2022

Текстот Мерцедес и Ред бул се договорија – Хоџкинсон се приклучува на „бикот“ е превземен од МАКФАКС.