Меркел: Ситуацијата е драматична, не се доволни мерките што се на сила

Ангела Меркел им порача на лидерите на нејзината конзервативна партија (ЦДУ) дека мерките преземени за запирање на ширењето на коронавирусот во најголемата европска економија се недоволни и дека е потребна посилна акција.

„ Се наоѓаме во драматична ситуација. Мерките што сега се на сила не се доволни“ им порачала Меркел на лидерите на ЦДУ на средбата, дознава „Ројтерс“ од двајца учесници на денешната средба.

Текстот Меркел: Ситуацијата е драматична, не се доволни мерките што се на сила е превземен од МАКФАКС.