Мицевски со директен повик до Скендер Реџепи: Aјде заедно да ја урнеме криминалната влада

Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на Владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство, обвини на социјалните мрежи Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, во порака која му ја упатува директно на пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи.

Потсетување, Скендер Реџепи-Зејди во текот на вчерашниот ден појасни дека се залага за уривање власта, но е дециден дека тоа нема да го стори по цена неговиот потпис да биде на список на кој се наоѓаат потписите на пратениците од Левица.

„Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието, за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ“, наведува Мицевски во објавата на „Фејсбук“ и изразува надеж дека Реџепи ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници.

Според претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, во овој случај не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали, како што вели, ќе продолжи криминалот и корупцијата ќе се реформираме заедничката татковина.

Текстот Мицевски со директен повик до Скендер Реџепи: Aјде заедно да ја урнеме криминалната влада е превземен од МАКФАКС.