Мицкоски: Времето на циркузанти помина, мојот сон е Македонија за сите луѓе

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се јави со реакција на социјалната мрежа Фејсбук, за пораките кои денеска му ги упати министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски од граѓанската трибина во Гостивар.

– Министерот кој потпиша македонски пасоши на балкански нарко босови, а нема за македонските граѓани, нема регистарски таблички, осуденици му бегаа од затвори, се прислушкуваа обвинители и судии, шверцуваа цигари градоначалници, шверцуваа дрога и мигранти полициски началници и што ли уште не, зборува за реформи! Ова е нашата реалност што ја нудат овие луѓе. Криминал, корупција, срам и порази. Јас нема да зборувам на нивото како овој човек. Времето на политичките измамници и циркузанти помина. На народот му се потребни решенија. Мојот сон е Македонија за сите луѓе – напиша Мицкоски.

Извор: Зоом. мк