Михајловиќ ќе стане почесен граѓанин на Болоња

Српскиот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, ќе стане почесен граѓанин на Болоња, потврди новиот градоначалник, Матео Лепоре.

Михајловиќ на церемонијата на 17 ноември ќе биде почестен за „покажување на припадност кон локалната заедница, поврзување со јавната улога која ја носи и искуството во борбата против болеста“.

Србинот неодамна во својата автобиографија напиша дека има два родендени – првиот во Вуковар на 20 февруари 1969 година и вториот на 29 октомври 2019 година, кога доби трансплантација на коскена срж на клиниката во Болоња по две рунди хемотерапија за леукемијата.

Тој неодамна го одбележи вториот роденден со вечера за целиот тим на Болоња, вклучувајќи ги сите вработени во клубот.

Mihajlovic bolognese doc: a breve sarà cittadino onorario https://t.co/CixETStIQo

— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) November 9, 2021

Текстот Михајловиќ ќе стане почесен граѓанин на Болоња е превземен од МАКФАКС.