Микс на фудбал и ММА! Хабиб и Сидорф отвораат фудбалска школа во Дубаи!

Легендарниот поранешен фудбалер на Милан, Кларенс Сидорф, и УФЦ-легендата Хабиб Нурмагомедов ја формираа компанијата „СК спортс холдинг“, која ќе отвори фудбалска школа во Дубаи со уникатна тренинг-методологија, која ќе го комбинира фудбалот со ММА-борбите.

Школата со име „Сидорф Хабиб перформанс клуб“, со помош на инвеститори од Дубаи, ќе отворат првично една школа на Блискиот Исток со амбициозен план за уште 10 локации во следните пет години. Хабиб и Сидорф формираат партнерство со ДМЦЦ, компанија во сопственост на Ахмед бин Сулајем.

Сидорф е единствениот фудбалер во историјата со титули од Лигата на шампионите со три клуба (Ајакс, Реал Мадрид и Милан), а кога му заврш кариерата, отвори фудбалски школи во Суринам, САД и во Холандија.

„Фудбалот ми даде многу во животот и сакам да вратам нешто назад. Пресреќен сум што сум во партнерство со Хабиб за заедно да влијаеме позитивно на следната генерација спортисти“, изјави Сидорф.

Хабиб, непоразениот поранешен УФЦ-шампион, никогаш не ја криел својата страст кон фудбалот.

„Од мал сум љубител на фудбалот и секогаш му се восхитував на Кларенс не само како фудбалер туку како и човек. Тој со себе носи одредени вредности, кои ми значат многу“,изјави Хабиб.

Meanwhile over in JLT, Clarence Seedorf & Khabib Nurmagomedov (@TeamKhabib) announced the launch of Seedorf Khabib Performance Club, “a football school with a unique training methodology that will combine football & mixed martial arts [MMA].”

The duo founded SK Sports Holding. pic.twitter.com/XeuqxIbBNG

— ✍️ Rachel McArthur (@raychdigitalink) November 1, 2021

Текстот Микс на фудбал и ММА! Хабиб и Сидорф отвораат фудбалска школа во Дубаи! е превземен од МАКФАКС.