Минималец на Манчестер јунајтед во Норич

Манчестер јунајтед забележа минимална победа на гостувањето во Норич. Претходно од белата точка до победите во ова коло дојдоа Ливерпул, Манчестер сити и Челси.

Единствениот гол го постигна Кристијано Роналдо во 75.минута. Аронс беше во дуел со Португалецот, кој заврши на тревата, а судијата покажа на белата точка.

Португалецот ја презеде одговорноста и погоди за предност на „црвените ѓаволи“.

На крајот, Давид Де Хеа со две одлични интервенции ја одбрани победата на Јунајтед. Шпанецот ги одбрани ударите на Кабак во 77. и 92.минута.

Јунајтед со оваа победа се искачи на петтото место, додека Норич остна на претпоследното место.



Текстот Минималец на Манчестер јунајтед во Норич е превземен од МАКФАКС.