Министерката за регионален развој на Бугарија издаде наредба за проверка на состојбата на патот каде што се случи трагедијата

Министерката за регионален развој на Бугарија Виолета Комитова одржа работна средба со раководството на Агенцијата за патна инфрастуктура во врска со тешкиот инцидент на автопатот „Струма“. По наредба на регионалниот министер формирана е работна група која во рок од 5 дена да изврши увид и проверка на состојбата на патот, патната сигнализација, системите за задржување, хоризонталните ознаки и врз основа на нив да поднесе извештај.за состојбата на делницата и да се оцени какви мерки ќе се преземат за нивно обновување.

Во моментов, поради сообраќајната незгода, сообраќајот во двата правци на автопатот Струма е ограничен на делницата од патната клучка Даскалово до патната клучка Долна Дикања. Обиколната траса е од патната клучка „Долна Дикања“ – пат III-627 – Радомир, и патниот правец I-6 до патната клучка „Даскалово“.

Извор: Трибуна