Мирна ноќ на Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта на Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот на попладнето, по нападот на специјалните единици на РОСУ, беа отстранети синоќа.

Реагираа и бројни амбасадори, а Амбасадата на САД во Приштина соопшти дека „ниедно насилство, без разлика дали е насочено против владата, медиумите или граѓаните, не е прифатливо“.

Светските медиуми објавија дека 20 лица се повредени при вчерашната интервенција на безбедносните сили на Приштина, како и дека граѓаните од српска националност на северот се вознемирени и загрижени за сите овие настани.

Драматичните сцени видени во текот на денот во Косовска Митровица ги кренаа на нозе граѓаните на Белград, кои синоќа одржаа митинг за поддршка на Србите во Косово и Метохија пред Собранието на Србија во Белград, а закажаа нови за в сабота пред Амбасадата на САД.

Освен ранетиот Софронијевиќ, чија состојба се стабилизира по операцијата, граѓаните дополнително ги вознемири веста дека бруталната акција на специјалните единици на Косовската полиција значително влијаела врз смртта на Верица Џелиќ (71) од Звечан, во чиј двор косовските специјалци испукале голема количина солзавец и шок бомби, а која, според зборовите на нејзиниот син Игор, починала поради стресот и задушувањето што ги добила во тоа време.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на вчерашната посета на Рашка, најави дека Србија ќе го одбрани својот народ на Косово и Метохија, со пораката: „Нема повлекување“.

Текстот Мирна ноќ на Косово и Метохија – повлечени барикадите е превземен од МАКФАКС.