Митревски ќе игра против Црна Гора

Македонските ракометари, вечерва, ќе го одиграат вториот натпревар на Европското првенство. Противник, во Деберцин од 18 часот, ќе им биде Црна Гора.

Македонија, на првенството стартуваше со пораз од Словенија (25:27). Еден од најдобрите на тој меч беше Мартин Томовски со 14 одбрани.

Вечерва, Томовски, ќе добие поддршка од Никола Митревски, кој вчера и се приклучи на репрезентацијата.

Митревски го пропушти дуелот со Словенија, бидејќи беше позитивен на коронавирусот. Тој остана во Скопје, а откако потоа два пати беше негативно тестира, ЕХФ му дозволи да допатува во Дебрецин.

Селекторот Кирил Лазаров, го пријави Митревски за денешниот натпревар. Трет голман, покрај Митревски И Томовски ќе биде Градимир Чаневски.

Текстот Митревски ќе игра против Црна Гора е превземен од МАКФАКС.