МНР формира кризен штаб и отвори специјална телефонска линија

/

Министерството за надворешни работи формира кризен штаб во врска со автобуската несреќа што се случи во Бугарија во којашто загинаа најмалку 45 лица. Отворена е и специјална телефонска линија.

„Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата“, јавува МНР.

Од МНР соопштуваат дека двајца вработени во Министерството се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан. 

МНР отвори и специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет на телефонскиот број 075/273-732, стои во соопштението на МНР.

Извор: Трибуна