МНР: Сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје

Министерството за надворешни работи информира дека сите амбасади и мисии на земјава во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.

-Согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Република Бугарија, во која животот го изгубија повеќе наши државјани, сите Амбасади и Мисии во странство ги спуштиja знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.Истовремено , информираме дека сите наши Амбасади и Мисии имаат отворено книги на жалост, а сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите Амбасади и Мисии во деновите на жалост се откажани, соопштија од МНР.