Момче на Tik Tok објави како ги понижува девојките

//

Социјалните мрежи се преполни со профили на девојки кои се сликаат и видеа во најпредизвикувачки пози, иако има и мажи кои ги промовираат своите извајани тела. Сепак, еден профил на млад Французин на TikTok збуни многумина. Младиот човек по име Алек очигледно има мисија да се претстави како голем заводник, а она што им го прави на девојките кога ги освојува е, во најмала рака, неочекувано.

Еве ја работата: Алек излегува по клубови каде „оперира“ и заведува девојки. Во моментот кога убавицата ќе го засака неговиот шарм, тој почнува да ја бакнува. Но, има еден пресврт, на милиметар од нејзините усни, тој ја врти главата и заминува, оставајќи ја девојката …

Што е поентата, никому не му е јасно, сака само да ги понижи? Најлошиот дел од приказната е што тој ги споделува овие снимки (најверојатно направени од неговите пријатели и соучесници во овој „експеримент“) со целиот свет, така што секој може да ги види шокираните изрази на девојките кои никогаш не очекувале дека ќе ги разочараат. ..

Овој Французин на TikTok го следат речиси 200 илјади луѓе, а коментарите на неговите видеа се разновидни.

Проценете сами…