Му се јавил селекторот Флик, тој помислил дека е водоводџијата

Младиот напаѓач на бундеслигашот Мајнц – Џонатан Буркарт (21) им откри на медиумите интересна приказна за повикот што го имал од селекторот на „Панцирите“, Ханси Флик. Буркарт бил во комбинација за двата последни меча против Лиштенштајн и Ерменија во квалификациите за СП 2022 во Катар, но Флик сепак решил да му се јави на напаѓачот и лично да се договорат околу деталите.

Буркарт има импресивен учинок сезонава во Бундеслигата – 8 гола на првите 13 меча.

„Видов минатата недела два пропуштени повика на мобилниот телефон. Непознат број. Бидејќи тие денови имав проблеми со водата во станот, мислев дека ме барал водоводџијата кога претходно го барав. Завртев на непознатиот број и никој не ми се јави. Тогаш, завртев повторно. Немав поим кој беше од другата страна на линијата – селекторот Флик. Тогаш конечно започнавме разговор“, раскажал младиот напаѓач.

Селекторот на Германија инсистирал да се слушне со Буркарт и да му објасни зошто не го повикал во А-селекцијата иако според сите параметри тој заслужил да игра со најдобрите германски фудбалски репрезентативци.

Флик во разговорот му објаснил дека е попотребен во младата репрезентација која се уште не е квалификувана на ЕП за разлика од сениорите, кои минатиот меч во Скопје против Македонија го заврија пласманот на Мундијалот.

Текстот Му се јавил селекторот Флик, тој помислил дека е водоводџијата е превземен од МАКФАКС.