Мурињо го исполни ветувањето му купи патики од 800 евра на Афена-Гијан

Рома вчера со 2:0 ја совлада Џенова на гости, благодарение на двата гола на тинејџерот од Гана, Феликс Афена-Гијан, кој ги искористи своите 15 минути игра за да постигне еден фантастичен гол и потоа да ја потврди победата.

Jose Mourinho is a GOAT guys, at 76 minutes of the game it was 0:0 and he make a sub of Afena Gyan 18 years old, inexperienced player in Seria and in 81 minutes he scored his first goal and sum the brace on 95 minutes. Jose Mourinho name must be respected pic.twitter.com/G72leY69al

— Gee (@Munyai_Gundo_) November 22, 2021

По првиот гол, 18-годишниот Афенија-Гијан веднаш истрча до тренерот Жозе Мурињо, кој потоа откри дека головите скапо ќе го чинат.

„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам патиките кои навистина ги сака, кои чинат 800 евра, така што тој истрча да ме потсети. Утре наутро одам на шопинг. Жал ми е за Мистер Даниеле де Роси и неговиот примавера (младински н.з.) тим, но Феликс останува со нас. Сега има деца кои мислат дека знаат се, но Фелиск е скромен и сака да учи“, изјави Мурињо по мечот.

Афена-Гијан му се заблагодари на Португалецот.

„Мурињо има фантастичен карактер, голем менаџер и тренер е. Ти дава мотивација да учиш секој ден. Пресреќен сум што е тука“, изјави младиот фудбалер.

Денеска, Мурињо се пофали дека ја завршил работата и му ги врачи патиките на талентот.

Jose Mourinho honours promise.

Delivers €800 boot to Felix Afena Gyan 😆 ❤ pic.twitter.com/jBcVPFDAtn

— Saddick Adams (@SaddickAdams) November 22, 2021

Текстот Мурињо го исполни ветувањето му купи патики од 800 евра на Афена-Гијан е превземен од МАКФАКС.