Мурињо го впери прстот кон УЕФА и судијата

Рома, синоќа се спаси од пораз против Бодо Глимт. Во Конференциската лига, Ибањез постигна гол во 92.минута и ги постави конечните 2:2. Рома не успеа да им се реваншира на Норвежаните за катастрофалниот пораз пред две недели (6:1).

Жозе Мурињо, о свој стил, по завршувањето на натпреварот го впери прстот кон судиите. Судијата, Тасос Папапетру, пропуштил два пати да досуди пенал за Рома.

„Реалноста е дека одигравме 2:2, но два пенали беа чисти, не ги судеа. Можеме сега да зборуваме што сакаме, но резултатот останува 2:2. Противникот од два шута ни даде два гола“, рекол Мурињо и потоа го коментирал судењето.

„Можеби за Конференциската лига се делегираат судии кој се на почетокот на своите кариери. Тоа не е добро“.

На табелата во групата Бодо Глимт води со осум бода, еден повеќе од Рома и два од Зорја. ЦСКА Софија се последни со еден бод.

Текстот Мурињо го впери прстот кон УЕФА и судијата е превземен од МАКФАКС.