Мурињо: Конте е добар тренер, но и Еспирито Санто е добар менаџер

Жозе Мурињо застана во одбрана на сонародникот Нуно Еспирито Санто, кој во вторникот доби отказ во Тотенхем. Санто, клубот од северен Лондон го водеше на само 17 натпревари. На неговото место дојде трофејниот тренер, Антонио Конте.

„Мислам дека Конте е добра тренер, но исто така мислам дека и Нуно е добра менаџер. Одлично работеше во Вулверхемптон четири или пет години. Значи не се работеше за една година или неколку месеци. Порадитоа ќе речам дека Тотенхем сега има добра тренер, но го имаше и претходно“, рекол Мурињо на прес конференцијата пред натпреварот со Бодо Глимт во Лигата на конференции.

Инаку, Санто го наследи Мурињо на клупата на Тотенхем. Мурињо си замина од Тотенхем во април, а Санто го презеде клубот во јули.

Текстот Мурињо: Конте е добар тренер, но и Еспирито Санто е добар менаџер е превземен од МАКФАКС.