Мурињо не може да не го „пецне“ Јувентус

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, повторно мораше да го „пецне“ Јувентус откако нивниот пенал во вчерашната победа над Зенит мораше да биде повторно изведен со интересна објава на „Инстаграм“.

Мурињо уште е лут за 1:2 домашниот пораз од Јуве, во кој обидот на Жордан Верету од пеналот беше одбранет од Војчех Шчесни. Во Рома сметаа дека пеналот мора да се повтори поради прераното влегување во шестнаесетникот на Џорџо Кјелини, кој потоа ја исчисти одбиената топка.

Од друга страна, Јувентус доби шанса двапати да го изведе пеналот против Зенит откога во првиот обид Дибала го промаши голот. Во повторениот обид Дибала беше прецизен.

„Еден од нив повторно е изведен, еден не… Погодете кој“, напиша Мурињо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Текстот Мурињо не може да не го „пецне“ Јувентус е превземен од МАКФАКС.