МЗТ го декласира Работнички во првото вечно дерби оваа сезона

Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром, стигна до убедлива 87:66 победа над Работнички во првото градско дерби оваа сезона, кое исто така беше првиот меч што се играше пред одреден број публика во салата „Јане Сандански“ по претходните забрани поради пандемијата на Ковид-19.

Во 157-от меѓусебен дуел на лутите ривали МЗТ стигнува до 66. победа (Работнички има 91.), обезбедена со фантастичното прво полувреме, во кое ривалите немаа одговор за играта на „металците“, кои водеа со 52:28 по две четвртини. И покрај обидот за камбек на гостите во последната четвртина, немаа доволно сили за пресврт.

Фото: КФМ

Текстот МЗТ го декласира Работнички во првото вечно дерби оваа сезона е превземен од МАКФАКС.