На Ким Катрал ѝ се допаднаа твитовите за нејзина поддршка

Ким Катрал суптилно реагира на социјалните мрежи откако отсуството на нејзиниот лик Саманта Џонс, беше објаснето во првата епизода од новата сезона на „Сексот и градот“.

На 65-годишната актерка ѝ се допаднаа неколку твитови за поддршка, кои нејзините фанови ги споделија по првата епизода на „И едноставно така“, емитувана во четвртокот вечерта, а во која се открива дека Саманта живее во Лондон по расправија со дамите.

Американски таблоиди векендов пренесоа објави на твитерџии со поддршка за Ким, која портретираше еден од најинтересните ликови во култната серија.

„Ким Катрал не се врати во ‘Сексот и градот’ затоа што нејзината кариера конечно се подига“, гласеше еден од твитовите објавени од корисник. Во друг твит што ѝ се допадна на Ким, новинарката Џени Дризлер напиша: „И едноставно така… сакам да гледам било што кога глуми @kimcattrall. Ова е твит во знак на почит за Ким.“

Заминувањето на Саманта беше објаснето во првите неколку минути од дебито на „И едноствно така“. Во сцената, Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Шарлот Јорк-Голденблат (Кристин Дејвис) и Миранда Хобс (Синтија Никсон) повторно се собираат на ручек за првпат од пандемијата.

 

Текстот На Ким Катрал ѝ се допаднаа твитовите за нејзина поддршка е превземен од МАКФАКС.