На молитва со потврда или тест – Грција воведе нови мерки против коронавирусот

Грчката православна црква побара од своите верници да присуствуваат на богослужбите со потврда за вакцинација или негативен тест за коронавирус, бидејќи во земјата се пријавени рекордни 6.808 нови случаи.

Светиот синод на Грчката православна црква ја испрати таа препорака до сите парохии во земјата, но не е наведено дали нејзиното спроведување е задолжително, пренесува АП. Во Грција, верските служби беа откажани на неколку месеци минатата година поради пандемија, но владата одби да воведе задолжителна вакцинација или тестирања за влез во црквите.

Властите на црквата бараат од верниците да ги следат упатствата на докторите, а во средата, бискуп на островот Лезбос потпиша наредба за суспендирање на невакцинираните свештеници.

Вчера во Грција се регистрирани 6.808 нови случаи на Ковид-19, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше во вторникот – 6.700 нови случаи. Здравствените власти соопштија дека ситуацијата се влошува и дека стапката на зафатеност на одделот за интензивна нега е зголемена на 87 отсто од 70 отсто пред три недели.

Во Грција, која има околу 11 милиони жители, повеќе од 16.000 луѓе починаа како резултат на коронавирусот.

Текстот На молитва со потврда или тест – Грција воведе нови мерки против коронавирусот е превземен од МАКФАКС.