На Табановце е приведен гостиварец, баран со потерница

Утрово на граничниот премин Табановце е приведен 27-годишен жител на гостиварското село Добри Дол.

Според информациите од МВР, Е.Х. бил приведен при влез во државата, по извршена контрола било констатирано дека за него е распишана потерница за издржување казна затвор.

Тој бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Текстот На Табановце е приведен гостиварец, баран со потерница е превземен од МАКФАКС.