Надал закрепна, се враќа во декември

Рафаел Надал, 20-кратниот гренд слем шампион, кој нема играно од поразот во полуфиналето на „Ролан Гарос“, вели дека планот е да се врати во акција во декември во Абу Даби како главна подготовка за Австралија опен во јануари.

„Планот е да се игра во Абу Даби во декември и потоа на еден турнир во Австралија пред Мелбурн. Тоа е целта и работам на тоа да ја остварам“, вели Надал.

35-годишниот Шпанец го освои Австралија опен во 2009, но оттогаш четири пати загуби во финалето.

Текстот Надал закрепна, се враќа во декември е превземен од МАКФАКС.