Најмалку пет лица загинаа во железничка несреќа во Индија

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 45 се повредени кога патнички воз излета од шините во индиската држава Западен Бенгал, соопштија денеска официјални лица.

Според агенцијата АП, 12 вагони од патничкиот воз излетале од шините, а три се превртеле.

На фотографиите од местото на несреќата се гледаат патници заглавени во искривен метал додека спасувачите итно се обидуваат да ги извлечат.

Текстот Најмалку пет лица загинаа во железничка несреќа во Индија е превземен од МАКФАКС.