Наместо блокади, потребни се мостови, му рече Мицкоски на бугарскиот премиер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во партиското седиште имаше средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

На средбата се разговараше за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.

„Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати. Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, коридорот 8 и други проекти важни за двете земји“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ за текот на средбата.

Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување, посочи Мицкоски.

Текстот Наместо блокади, потребни се мостови, му рече Мицкоски на бугарскиот премиер е превземен од МАКФАКС.